Утрински Весник
Свет
Img 7972

Израел од 1 март ќе ги отвори границите за сите странски туристи

Израел од 1 март ќе ги отвори границите за сите странски туристи
Img 7972

Израел од 1 март ќе дозволи влез на сите странски туристи, без разлика дали се вакцинирани против корона вирусот, соопштија денеска од кабинетот на премиерот Нафтали Бенет.

Според соопштението, за влез во Израел сепак ќе бидат потребни два негативни ПЦР теста, едниот направен пред да влезе во земјата, а другиот по влезот во Израел, пренесува Ројтерс.

Во моментов, само вакцинирани странски државјани смеат да влезат во Израел.

– Гледаме постојан пад на бројот на заболени од коронавирус, затоа е време постепено да се отвораат границите кои први во светот ги затворивме – рече премиерот Бенет.

Израел ги затвори своите граници за странци за прв пат во март 2020 година.

Се вели дека бројот на посетители полека растел бидејќи земјата укина некои рестриктивни мерки против корона вирусот, но тој останува далеку под нивото пред пандемијата.

Според британската агенција, минатиот месец во Израел влегле околу 46.000 туристи, во споредба со 7.800 една година порано, но многу помалку од 333.000 што ги посетиле во јануари 2020 година.

Можете да прочитате

Најмалку четворица загинати и 12 повредени во пукање за време на прослава во Мисисипи

Трамп се закани со царини од 100% за увоз од Кина

19 лица загинаа во експлозија на фабрика во САД