Утрински Весник
Македонија

Стојаноска: СДСМ, да се грижеа за просветниот кадар, ќе го усвоеја амандманот на Законот за минимална плата, предложен од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноска: СДСМ, да се грижеа за просветниот кадар, ќе го усвоеја амандманот на Законот за минимална плата, предложен од ВМРО-ДПМНЕ
Dik 300x250 mk

Насилието на СДСМ и тензиите во Собранието се затоа што Законот за наставници овозможува партизација и нема зголемување на платите на наставниците. Законот за наставници кој е на дневен ред денес на собраниската Комисија за образование е Закон со кој се овозможува партизација на образованието и Закон со кој не се зголемуваат платите на наставниците, изјави Дафина Стојаноска, пратеничка на Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ

Таа запраша зошто СДСМ е заинтересирана за овој Закон? Па сака да го донесе, дури и по цена на кршење на Деловникот за работа на Собранието.

Според Стојаноска ова е Закон со кој СДСМ предвидува вработување на наставници на неопределено време, без приправнички стаж, со што се укинува еден од механизмите за контрола на квалитет и се овозможува партизација во образованието.

Трансформацијата на работниот однос е решена во затворен круг на градоначалникот, директорот кој го именува градоначалникот и кој формира училишна комисија за вработување и комисија за трансформација, која ја формира градоначалникот. Ова е основ за политизација на вработувањата.

СДСМ, да се грижеа за просветниот кадар и за покачување на нивните плати, ќе го усвоеја амандманот на Законот за минимална плата, предложен од ВМРО-ДПМНЕ. Напротив, тоа е одбиено и се прибегнува кон усвојување на овој штетен Закон. Затоа, ние нема да ги прифатиме измените кои власта на сила ги турка во Собранието, изјави Стојаноска.

Можете да прочитате

ВЛЕН: Со својот речник, Али Ахмети стави катанец на НАИ

Циклон над Македонија: Ќе дува силен ветер до 80 км/час, ќе имаме и нови врнежи

Утрово измерени 0 степени во Берово