Утрински Весник
Свет

Лукашенко: Тврдењата дека сме подготвени да ја нападнеме Украина се глупости

Лукашенко: Тврдењата дека сме подготвени да ја нападнеме Украина се глупости
Dik 300x250 mk

Белорускиот претседател Александар Лукашенко го оцени како глупост тврдењето дека е подготвен да ја нападне Украина.

Зборувајќи за тоа кога руските војници ќе бидат повлечени од Белорусија, каде што се водат заеднички воени вежби, Лукашенко рече дека Американците префрлаат илјадници војници на границата со Белорусија, директно во Полска и балтичките земји.

Тој посочи дека западните земји не зборуваат за тоа, туку вршат притисок врз Белорусија.

Тој изјави дека руските војници ќе се повлечат од Белорусија кога ќе се донесе одлука со претседателот на Русија и кога ќе завршат вежбите.

Во Белорусија во тек е заедничка руско-белоруска воена вежба, во услови на ескалација на тензиите меѓу Русија и Западот околу Украина.

Можете да прочитате

Кошта: Проширувањето на ЕУ сега стана реална можност

Закана за бомба во авион? Драма во Вашингтон: Сите летови одложени…

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно