Утрински Весник
Свет

Запален автомобилот на пратеник на Демократскиот фронт во Бар пред семејната куќа

Запален автомобилот на пратеник на Демократскиот фронт во Бар пред семејната куќа
Dik 300x250 mk

На пратеникот на Демократскиот фронт Дејан Ѓуровиќ во текот на ноќта му бил запален автомобилот „ауди“.

Возилото било паркирано пред куќата на Ѓуровиќ во Бар, пренесуваат медиумите во регионот.

„Очекуваме вештачењето да ја утврди причината за пожарот, експлозијата и несреќата за да се утврди точната причината за пожарот“, изјави шефот на Основното државно обвинителство во Бар, обвинителот Радован Ѓуришиќ. Вештакот ќе утврди дали возилото се самозапалило или било намерно запалено.

Според тамошните медиуми, пожарот избувнал пред предното тркало и браникот. Возилото било изгаснато со брза интервенција на пожарникарите.

Нанесена е мала материјална штета на возилото.

Можете да прочитате

Орбан: Успехот на самитот во Будимпешта е од егзистенцијален интерес за Унгарија

Си Џинпинг го претстави нацртот на новиот петгодишен план за Кина

Зеленски: Украина нема ништо да му даде на агресорот и нема ништо да заборави