Утрински Весник
Македонија

66 санкции за непропуштање пешаци на пешачки премин

66 санкции за непропуштање пешаци на пешачки премин

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи. При контролата санкционирани се 66 возачи.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли. Апелираме до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираме и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано, велат надлежните.

Можете да прочитате

Возови со 200 на час ќе минуваат низ Македонија најави Николовски

Николоски: Без увоз на работници, дел од компаниите ќе стават клуч на врата

Николовски: Делницата Прилеп-Битола до 2029 ќе стане автопат