Утрински Весник
Македонија

Казни за 85 пешаци во Скопје кои поминале улица надвор од пешачки премин или на црвено светло

Казни за 85 пешаци во Скопје кои поминале улица надвор од пешачки премин или на црвено светло

Денеска во периодот од 10.00 до 14.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на СВР Скопје за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците, при што санкционирани се 85 пешаци.

Притоа 63 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, 22 за минување на црвено светло. За време на контролата регистрирани се и 57 останати прекршоци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано.

Можете да прочитате

Манасиевски: Тепачи, трговци со дрога и роднини на Заев, тоа се децата на Филипче кои ги промoвира како иднина на Македонија ако дојде на власт

Штерјова: Обвинителството молчи за нападот на младите во Ново Село, а насилниците од ВМРО се познати

Пожарот на депонија во Крива Паланка гори повеќе од 15 часа, градоначалникот очекува да биде изгаснат до вечер