Утрински Весник
Македонија

Агенцијата за храна со осуда за инспекторот од Берово, против сите лица ќе има соодветна законска постапка

Агенцијата за храна  со осуда за инспекторот од Берово, против сите лица ќе има соодветна законска постапка

Агенцијата за храна и ветеринарство ја осудува и се оградува од постапката на инспекторот од подрачната единица на АХВ во Берово, во снимката која вчера беше објавена во медиумите и на социјалните мрежи.

„Како одговорна институција и за благосостојбата на животните, во најбрз рок случајот ќе биде разгледан, инспекторот повикан на разговор и соодветно процесуиран“, е потенцирано во соопштението од оваа институција.

Од таму додаваат дека против сите лица вклучени во случајот, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе покрене и спроведе соодветна законска постапка.

Инаку здружението за заштита на животните „Анима Mунди“ на Фејсбук објави снимка на која се гледа како неколкумина мажи играат околу јагне ставено на маса со врзани нозе. Според организацијата, меѓу присутните на видеото е и инспектор за заштита на благосостојбата на животните, кој со овој чин го прекршува она што треба да го спроведува.

Можете да прочитате

Пуштена во употреба клучката Подмоље

Царинска управа: Откриена царинска измама со увози на месо во висина од 7 милиони денари

Осум активни пожари, се уште активен пожарот во резерватот Јасен, информираат од ЦУК