Утрински Весник
Свет

Лукашенко: Подобро да не не допирате, војната би траела три или четири дена

Лукашенко: Подобро да не не допирате, војната би траела три или четири дена

Белорускиот претседател Александар Лукашенко верува дека потенцијалниот вооружен конфликт меѓу Украина и Белорусија ќе биде завршен за неколку дена.

„Украина никогаш нема да војува со нас. Таа војна би траела најмногу три или четири дена. Нема да има кој да води војна против нас“, рече Лукашенко во интервјуто на каналот „Соловјев во живо“ на Јутјуб.

Тој рече дека војната со Белорусија, а пред се со Русија, нема перспектива, пренесуваат руските агенции.

„Не зборуваме за некакво нуклеарно и друго оружје. Но, подобро е да не не допирате. Не допирајте не“, додаде Лукашенко.

Можете да прочитате

Истекува флексибилниот режим за биометриските проверки на границите за влез во ЕУ

Москва не ја исклучува можноста за тристрана средба Путин-Трамп-Шји

Лавров ги нарече обвинувањата дека Русија имала улога во инцидентот со беспилотното летало во Лајпциг „почеток на вистинска војна“