Утрински Весник
Македонија

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, на некои од повисоките места со наместа остатоци од кашест снег по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, е затворен за сообраќај за сите видови на возила, од 15.11.2021 до 01.04.2022. Од охридска страна, сообраќајот ќе се одвива до месноста Корита.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

ВЛЕН: ДУИ лаже, најевтината понуда ја претставува како корупција

Кога статутот станува пречка – дали пензионерите имаат право на вистински избор?

ДУИ: Како семејниот клан на Меџити го пустоши МЕПСО преку активисти на ВЛЕН?