Утрински Весник
Магазин

Пејачот на „БТС“ хоспитализиран поради воспаление на слепото црево, позитивен на тестот за Ковид-19

Пејачот на „БТС“ хоспитализиран поради воспаление на слепото црево, позитивен на тестот за Ковид-19

Џимин, пејачот и танчер од јужнокорејскиот бенд „БТС“, е позитивен на коронавирус, а исто така е и опериран од акутен апендицит, соопшти во понеделникот неговата менаџерска агенција „Биг хит мјузик“.

Во изјавата се наведува дека членот на К-поп бендот бил опериран во понеделникот.

„Операцијата беше успешна и Џимин се чувствува добро по хирушката процедура“, соопшти „Биг хит мјузик“, додавајќи дека брзо закрепнува од инфекцијата со Ковид-19.

Џимин (26) е четврти член од бендот од седум момчиња што е позитивен на коронавирус.

 

 

Можете да прочитате

Денеска е Меѓународен ден на писменост, 739 милиони возрасни лица немаат основни вештини

Специфични пет прашања околу тоа како детето си поминало на училиште

Бубрег од свиња пресаден кај Американец функционирал рекордни 271 ден