Утрински Весник
Спорт

Сега е и официјално – Душан Влаховиќ е нова ѕвезда на Јувентус

Сега е и официјално – Душан Влаховиќ е нова ѕвезда на Јувентус
Ss2

Јувентус, официјално, го потврди пристигнувањето на напаѓачот Душан Влаховиќ од Фиорентина ставајќи крај на најголемиот трансфер досега во јануарскиот преоден рок.

22-годишниот српски напаѓач беше во фантастична форма оваа сезона со 17 гола во 21 меч од Серија А во Фиренца по што привлече внимание на повеќе врвни европски клубови, вклучувајќи ги и Арсенал и Тотенхем, но тој беше заинтересиран само за трансфер во Јувентус.

Ss1

На официјалната веб-страница на Лега Серија А, Јувентус официјално го пријави договорот на Влаховиќ, и тоа без заем, односно директно купување на фудбалерот. Според новинарот Фабрицио Романо, договорот вреди 75 милиони евра вкупно со сите бонуси.

Влаховиќ би можел да дебитира за Јувентус веќе на следниот меч против Верона на 6 февруари и ќе биде огромно засилување за тимот на Масимилијано Алегри, особено бидејќи тој е без повредениот Федерико Киеза, иронично – уште еден фудбалер што пристигна од Фиорентина во октомври 2020 година.

Неговото пристигнување исто така остава простор за заминување на Алваро Мората кого го посакуваат Барселона, Њукасл и Тотенхем.

Графика: Sofascore за „Топспорт.мк“

Влаховиќ стана најскапиот играч од просторите на поранешна СФРЈ

> Сега е и официјално – Душан Влаховиќ е нова ѕвезда на Јувентус <

Ss1

Можете да прочитате

Алкараз обвинет за местење натпревари

Струга ТЛ ја прекина соработката со тренерот Дуро

Рангник се откажа од жешкото столче кај Баерн Минхен