Утрински Весник
Економија

Бугарија има најниска минимална плата во ЕУ од 332 евра, Луксембург е лидер со 2.257 евра

Бугарија има најниска минимална плата во ЕУ од 332 евра, Луксембург е лидер со 2.257 евра
Ss2

Најниската минимална плата во Европската Унија на 1 јануари годинава била во Бугарија и изнесувала 332 евра, а највисока имал Луксембург со 2.257 евра, објави Агенцијата за статистика на Европската Унија, Евростат.

По Бугарија следуваат Летонија со 500 евра, Романија 515, Унгарија 542, Хрватска 624, Словачка 646, Чешка 652, Естонија 654, Полска 655, Литванија 730, Грција 774, Малта 792 и Португалија 823 евра.

Img 5587

Во осум земји минималната плата е повеќе од 1.000 евра. Во Словенија изнесува 1.074, Шпанија 1.126, Франција 1.603, Германија 1.621, Белгија 1.658, Холандија 1.725, Ирска 1.775 и Луксембург 2.257 евра.

Од земјите кои не се членки на ЕУ, Црна Гора има најголема плата мерена според куповната моќ и таа изнесува 888 евра. Во Турција е 810 евра, во Северна Македонија 800 евра, во Србија 790 евра и во Албанија 401 евро, покажале резултатите на Евростат.

Шесте членки на Европската Унија – Данска, Италија, Кипар, Австрија, Финска и Шведска немаат законски пропишана минимална плата, но таа е одредена со колективни договори.

Ss1

Можете да прочитате

МФ: Јавниот долг на крајот на првиот квартал 58,6 отсто од БДП

Над 3,15 милиони патници минатата година транзитирале на скопскиот и охридскиот аеродром

РКЕ: Минатата година само 2,75 проценти од струјата била обезбедена од увоз