Утрински Весник
Свет

ЕМА условно ја одобри антиковид пилулата на Фајзер – првиот орален лек за коронавирус во ЕУ

ЕМА условно ја одобри антиковид пилулата на Фајзер – првиот орален лек за коронавирус во ЕУ
Dik 300x250 mk

Европската агенција за лекови (ЕМА) препорача денеска условно издавање лиценца за ставање во промет на оралниот антивирусен лек Паксловид од компанијата „Фајзер Европа“.

Лекот се состои од две активни супстанции и две таблети, а може да се користи за лекување на Ковид-19 кај возрасни на кои не им треба дополнителен кислород и на кои им е зголемен ризикот болеста да стане сериозна, велат од ЕМА.

Тоа е првиот антивирусен орален лек препорачан во ЕУ за третман на ковид-19 и се очекува да биде ефикасен и против инфекција со делта и против варијантата на коронавирус омикрон.

Клиничките студии покажуваат дека пациентите кои примиле Paxlovid во рок од пет дена од почетокот на симптомите останале на хоспитализација и без смртни случаи.

Од ЕМА додаваат дека безбедносниот профил на лекот е поволен, а несаканите ефекти се претежно благи, со предупредување дека може да влијае на дејството на другите лекови.

Можете да прочитате

Израел ја прогласи границата со Египет за затворена воена зона

Нема враќање на средствата на „Лукоил“, дури и ако санкциите се укинат

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви