Утрински Весник
Свет

(Видео) Експлозија и пожар во центарот на Атина, има повредени

(Видео) Експлозија и пожар во центарот на Атина, има повредени

Еден човек е повреден, а неколку згради се оштетени во експлозија во центарот на Атина, која утринава предизвика пожар, соопштија официјални лица и очевидци.

Едно лице се здобило со изгореници и било пренесено во болница, изјави за ТВ Скај шефот на грчкиот национален центар за брза помош, Џорџ Матиопулос.

Според официјални претставници на противпожарната бригада, засега не е јасно што ја предизвикало експлозијата или пожарот.

„ Имаме пожар, пред кој имаше експлозија“, изјави на лице место командирот на противпожарната единица.

„ Сè уште не знаеме што ја предизвикало, а има поголема материјална штета“, изјави претставник на противпожарната бригада за ТВ Скај.

Можете да прочитате

Си-ен-ен: Трамп губи трпение, враќањето на големи воени операции сѐ поверојатно

Израел го бомбардираше Либан, најмалку шестмина загинати

Иран: Ако пак бидеме нападнати од САД ќе создадеме нуклеарна бомба