Утрински Весник
Македонија

Телефонски разговор на Османи за ситуацијата во Украина со советник на Стејт департментот

Телефонски разговор на Османи за ситуацијата во Украина со советник на Стејт департментот

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес остварил телефонски разговор со Дерек Чолет, советник на Стејт департментот на САД.

Од МНР информираат дека соговорниците размениле мислења за актуелната безбедносна состојба во Европа и актуелните случувања во и околу Украина.

„Беше изразена заемна поддршка за суверенитетот, територијалниот интегритет и неповредливоста на границите на Украина, повлекувајќи ја важноста од заштита на човековите права. Воедно, соговорниците ја истакнаа значајноста од заеднички пристап кон актуелните безбедносни предизвици и упатија повик за деескалација на состојбите во интерес на европската сигурност“, се наведува во соопштението за разговорот.

Во тој контекст, биле поздравени напорите на меѓународните партнери и заложбите во рамки на НАТО и ОБСЕ за смирување на состојбите и зачувување на мирот.

Можете да прочитате

Јаневска: Без силен придонес од високото образование, не може да се решат главните предизвици на современите општества

Силјановска Давкова ја отвори изложбата „Архивски документи” на Жанета Вангели во македонскиот КИЦ во Загреб

Над 50% од ваучерите за инвертер клими веќе подигнати – ефикасна реализација на мерката за ранливите потрошувачи