Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо СДСМ да лаже за Пецаков, да каже зошто кријат дека Зечевиќ без заштита ширеше корона за Водици во Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо СДСМ да лаже за Пецаков, да каже зошто кријат дека Зечевиќ без заштита ширеше корона за Водици во Охрид

СДСМ крие дека Зечевиќ бил позитивен и ширел зараза во Охрид, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„ СДСМ додека ја замајува и лаже јавноста за охридскиот градоначалник Кирил Пецаков, нивниот генерален секретар Миле Зечевиќ на 19-ти во Охрид за време на Водици, без заштита, без маска ширеше корона меѓу охриѓани.

Миле Зечевиќ и официјално е позитивен на коронавирусот од 20-ти јануари, што значи дека претходниот ден ширел корона меѓу охриѓани“ велат од партијата.

Оттаму ја повикуваат директорката на центарот за јавно да го осуди неодговорното постапување на Миле Зечевиќ.

„ Да се оттргне од партиските канџи на СДСМ и наместо како портпаролка на власта нека постапи совесно и нека побара кривична пријава за Зечевиќ. СДСМ напаѓајќи го и фингирајќи случај против градоначалникот Кирил Пецаков само докажува дека се неспособни да се справат со короната која однесе над 8 илјади животи“ нагласуваат од опозициската партија.

Можете да прочитате

Продолжи судењето против таткото на Васил Јованов, одбраната со забелешки за изведувањето на доказите

Заврши интервјуирањето на кандидатите за членови на Комисијата за заштита од дискриминација

Судскиот совет му го одзеде имунитетот на апелацискиот судија Ѓоко Ристов, одобрен куќен притвор