Утрински Весник
Магазин

Шварценегер предизвикал сообраќајка во Лос Анџелес

Шварценегер предизвикал сообраќајка во Лос Анџелес
Img 5587

Актерот Арнолд Шварценегер бил учесник во сообраќајна несреќа во Лос Анџелес изминатиов викенд, потврди неговиот портпарол.

Полицијата во Лос Анџелес соопшти дека една жена е повредена во судир на четири возила што се случил во петокот попладне, а очевидци додаваат дека теренецот на холивудскиот актер завршил врз кровот на најмалку два автомобила.

300x250 (7)

Фотографиите од местото на настанот покажуваат голем теренец над три други возила на раскрсница во близина на неговата куќа во луксузниот кварт Брентвуд.

Полицијата направи увид и соопшти дека никој не е уапсен. Според првичните сознанија, немало присуство на алкохол или дрога кај учесниците во сообраќајката.

На фотографиите по несреќата се гледа како 74-годишникот стои на страната на патот и разговара со другите возачи и полицајци.

Според неофицијални полициски извори, Арлнол е најверојатно виновен за несреќата бидејќи наводно, свртел лево кога семфорот, односно, помошното светло за вртење сè уште било црвено.

Ss1

Можете да прочитате

Во ресторани и канцеларии во Велика Британија ќе бидат забранети нови родово неутрални тоалети

Никола Роквиќ Велигден го помина во Македонија, се огласи на 14. ден од подвигот

Малме со засилени безбедносните мерки одбројува до почетокот на Евровизија