Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Пендаровски телефонски разговараше со Радев

Пендаровски телефонски разговараше со Радев
300x250 opst2

Претседателот Стево Пендаровски телефонски разговараше со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев.

Претседателот Пендаровски му честиташе на претседателот Радев за стапувањето на должноста и му посака успешен мандат.

Двајцата претседатели разговараа за најновиот развој на билатералните односи меѓу двете соседни држави во светло на неодамнешната посета на претседателот на владата на Бугарија на Скопје, како и претстојните активности во Софија.

Во тој контекст, претседателот Пендаровски го поздрави воспоставениот дијалог меѓу двете влади и ја истакна подготвеноста на Македонија за негово интензивирање во наредниот период.

Во насока на зајакнување на дијалогот меѓу двете земји, двајцата претседатели разговараа и за можноста за скорешна официјална посета на претседателот Пендаровски на Софија, како и за интензивирање на комуникацијата на највисоко ниво во претстојниот период.

Можете да прочитате

Средба на Сиљановска-Давкова со албанскиот претседател Бегај во Драч

Давкова: Верувам во посветеноста и одговорноста на Хрватска и Словенија кон регионот и очекувам исчекор кон ЕУ

Игнорирани и понижени – медицинските сестри бараат објаснување од Министерството за здравство