Утрински Весник
Спорт

Левандовски: Не сум направил ништо за да го налутам Меси

Левандовски: Не сум направил ништо за да го налутам Меси

Роберт Левандовски вчера ја освои наградата на ФИФА за најдобар играч на светот минатата сезона, и откако беа објавени податоците за кого гласале капитените на репрезентациите, Лионел Меси, кој неодамна при освојувањето на „Златната топка“ имаше само убави зборови за Полјакот, овојпат не го дае гласот за својот ривал.

Полјакот призна дека е изненаден што не бил меѓу топ 3 во изборот на Аргентинецот по пофалбите кои ги слушна и се надева дека не постои некоја „лична причина“ за ваквото однесување.

„Тоа на ‘Златната топка’ беа убави зборови од него. Сега, околу неговиот избор, тоа треба да го прашате него. Не направив ништо за да ми биде лут, освен тоа на спортски план. Се надевам дека лично нема проблем со мене. Тоа беше неговиот избор и морам да го почитувам. Не сакам да кажам ништо негативно, или да бидам лут“, вели Левандовски.

Меси беше во топ 3 на Левандовски, но како втор зад Жоржињо, додека трет беше Кристијано Роналдо.

„Секогаш гледам кон напаѓачите, но тоа што Жоргињо го направи лани значи многу. Сакав да бидам неутрален. Оваа година беше луда за него со Италија и за Челси. Што би кажал за Меси и за Роналдо? Не е важно каде игра Роналдо, го покажува својот квалитет, затоа е меѓу топ 3“, објаснува Левандовски.

Меси до Лева по победата за 33 поени: Требаше лани да ти ја дадат „Златната топка“

> Левандовски: Не сум направил ништо за да го налутам Меси <

Можете да прочитате

Македонското фудбалско првенство продолжува на 10. февруари

Ѓоковиќ: Ќе се вратам на АО, но дали ќе ме видите тука како активен играч, времето ќе покаже

Осогово и Вардар со хуманитарен натпревар за жртвите од трагедијата во Кочани