Утрински Весник
Свет

Источна Германија се уште има помали плати од Западна – разликата е речиси 900 евра

Источна Германија се уште има помали плати од Западна – разликата е речиси 900 евра

Работниците во поранешна Источна Германија во просек заработуваат стотици евра помалку месечно од нивните колеги во западниот дел на земјата, иако поминаа три децении од повторното обединување на Германија, покажува официјалната статистика.

Бруто-платите за вработените со полно работно време во западните покраини и Берлин, без посебните плаќања над нормалните плати на вработените, во просек изнесуваа 4.237 евра месечно во третиот квартал од 2021 година. Во петте источногермански покраини, бруто-платата изнесува 3.442 евра.

Партијата на левицата, која исто така побара објавување на податоци, се залагаше платите да бидат еднакви во целата земја до 2025 година.

„ Во секоја источно германска провинција луѓето заработуваат помалку отколку во било која западна“, рече Дитмар Барч, лидер на парламентарната група на Левицата.

„ Јазот во платите е сè уште голем, нешто помалку од 900 евра… Еднаква плата за еднаква работа, тоа е она што ќе ги намали оправданите фрустрации“, рече Барч.

Податоците покажуваат значителни разлики, не само меѓу регионите, туку и меѓу секторите, но и меѓу жените и мажите.

Некои експерти посочуваат дека, поради разликата во трошоците за живот, која е помала во Источна Германија, разликата во куповната моќ не е толку голема како што покажуваат разликите во платите.

Можете да прочитате

Над 100 лица починале во Шпанија поради топлотниот бран

Трагедија: Во сообраќајна несреќа почина фудбалерот Диого Жота

Пентагон: Нуклеарната програма на Иран е забавена за две години