Утрински Весник
Свет

ЕУ мобилизира ресурси за да и помогне на Украина против сајбер напади

ЕУ мобилизира ресурси за да и помогне на Украина против сајбер напади

Министерот за надворешни работи на ЕУ, Џосеф Борел, денеска го осуди хакерскиот напад со кој беа соборени владините веб-страници во Киев и рече дека ЕУ ќе ги мобилизира сите ресурси за да ѝ помогне на Украина да се справи со кибернападите.

Борел вели дека сè уште се бараат докази за тоа кој стои зад овој напад, но додава и дека „може да се замисли кој е одговорен“.

„Утринава свикавме итен состанок на амбасадорите на политичкиот и безбедносен комитет на ЕУ за да видиме како можеме да реагираме и како да обезбедиме техничка помош на Украина за да го зголеми нејзиниот отпор против овој тип на напади“, рече Борел.

Можете да прочитате

Од денеска нови правила во ЕУ за PFAS во амбалажата за храна

Путин најави реципрочни мерки доколку ЕУ почне да конфискува руски бродови од „флотата во сенка“

Американците должат 1,26 билиони долари на кредитни картички