Утрински Весник
Свет

Стотици илјади Индијанци се капеа во реката Ганг

Стотици илјади Индијанци се капеа во реката Ганг
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Стотици илјади хинду верници се капеа во реката Ганг, и покрај тоа што во изминатиот месец бројот на нови случаи на коронавирус во Индија е 30 пати поголем.

Индијците веруваат дека капењето во светата река денес ќе ги измие сите гревови.

Голем број верници учествуваа во капењето во државата Западен Бенгал, но и во Утар Прадеш.

„Секоја година доаѓам во светата бања. Како да го пропуштам тоа оваа година?“, рече еден од верниците, пренесува Танјуг.

Поради ширењето на сојот омикрон, Индија повторно бележи зголемување на случаите на Ковид, но бројот на хоспитализирани е релативно мал.

Во последните 24 часа се регистрирани над 264.000 новозаразени, а починале 315 лица.

Можете да прочитате

Поранешниот премиер на Малезија осуден на уште 15 години затвор за скандалот 1MDB

Запленет танкер полн со нафта во Иран

Три жени беа избодени во париското метро