Утрински Весник
Магазин

Кијану Ривс и Алекс Винтер во нова авантура – возење со мотоцикли

Кијану Ривс и Алекс Винтер во нова авантура – возење со мотоцикли
Dik 300x250 mk

Актерите Кијану Ривс и Алекс Винтер, познати и како Бил и Тед во легендарната комедија Bill & Ted’s Excellent Adventure од 1989 година, повторно се здружија во нова авантура, но овој пат, во реалниот живот.

Двјцата долгогодишни пријатели во средата тргнаа на дневна тура со своите мотори и планираат да возат низ крајбрежјето на Калифорнија.

Тие беа забалежани како купуваат кафе од кафуле во Малибу пред да започнат со возење преку нерамното калифорниско крајбрежје.

Кијану (57) носи црна јакна преку темни фармерки и изгребани кафени чизми додека се качува на својот мотоцикл пред дневното патување.

Инаку, актерското дуо го имаше своето последно појавување како Бил и Тед на филмското платно во 2020 година, со третото продолжение на комедијата научна фантастика, со наслов Bill & Ted Face the Music.

Тие беа главни протагонисти во три филма од серијалот – „Одличната авантура на Бил и Тед (1989), „Лажното патување на Бил и Тед (1991) и „Бил и Тед се соочуваат со музиката“ (2020) – со Алекс како Бил, а Кијану како Тед.

Можете да прочитате

Трик на домаќинките за најдобра кисела зелка

Имате над 40 години и сакате да ослабите: само една навика ќе ви помогне

“Немав намера да ги повредам домаќините” – Прва изјава на Цеца откако го вееше бугарското знаме на концерт во Велес