Утрински Весник
Свет

Во Австралија измерени 50,7 Целзиусови степени, изедначен е рекордот од 1962

Во Австралија измерени 50,7 Целзиусови степени, изедначен е рекордот од 1962

Во Австралија се измерени 50,7 степени Целзиусови степени, јави Би-би-си.

Со ова е изедначена највисоката измерена температура во историјата на континентот, откако се спроведуваат такви мерења.

Оваа температурата е измерена во градот Онслоу на западниот брег на Австралија. Израмнет е рекордот од 1962 година кога истата темература била регистрирана на југот од Австралија.

Од локалната управа за метеорологија потврдија дека Онслоу го израмнил рекордот во 14.26 часот по локално време.

Според локалните медиуми, просечната температура во Онслоу во овој период од годината е 36,5 степени.

Два други града, Марди и Робурн, вчера пријавиле температури над 50 степени. Лук Хантингтон од споменатата управа рече дека акумулацијата на топол воздух во регионот е предизвикана од недостаток на грмотевици.

Еден жител на Робурн, Марк Барат, изјави дека температурите станале толку високи што климата во нивната канцеларија престанала да работи.

Температурите уште утре ќе бидат во благ пораст, а во наредните денови се очекува заладување.

Можете да прочитате

Во италијанско пристаниште запленети 250 килограми кокаин од Еквадор

Aстразенека горда на својот придонес за ставање крај на пандемијата: Само во првата година спасени над 6,5 милиони животи

Протест за Газа пред универзитетот во Амстердам, студентите поставуваат блокади