Утрински Весник
Свет

Издавал лажни ковид потврди во скијачки центар во Бугарија, маж за 150 евра внесувал имиња во системот

Издавал лажни ковид потврди во скијачки центар во Бугарија, маж за 150 евра внесувал имиња во системот

Во скијачкиот центар Пампорово, во јужна Бугарија, уапсен е маж кој издал лажни ковид потврди со кои се потврдува постоењето на антитела за сума од 150 евра.

За оваа цена тој ги внесувал податоците за „пациентот“ во информацискиот систем на Министерството за здравство.

Уапсениот е вработен во медицинската лабораторија во ски-центарот, но не е лекар, соопшти обвинителството, пренесуваат бугарските медиуми.

Станува збор за кривично дело нарушување на критичната инфраструктура на државата, а казната за тоа е – затвор од 5 до 8 години и парична казна од над 5.000 евра, е наведено во написите.

Можете да прочитате

Маж се здоби со тешки изгореници од струен удар додека правел селфи на покрив на воз во Германија

Вооружена банда мотоциклисти киднапирала повеќе од 60 луѓе во северозападна Нигерија

Кина повторно воведe портокаловo ниво за опасност од дождовни бури