Утрински Весник
Свет

Борис Џонсон го предупреди Иран дека му истекува времето за да го спаси договорот

Борис Џонсон го предупреди Иран дека му истекува времето за да го спаси договорот

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска го предупреди Иран дека истекува времето за спас на нуклеарниот договор од 2015 година.

Џонсон телефонски разговарал со израелскиот премиер Нафтали Бенет за тековните преговори за иранскиот нуклеарен договор, кои продолжија во Виена, објави Ројтерс.

„Премиерот рече дека ОК сака преговорите во Виена да доведат до целосна ревизија на JCPОA (Заеднички сеопфатен акционен план), но додаде дека ни треба Иран да се вклучи со добра волја“, рече портпаролот на Даунинг стрит.

Можете да прочитате

Русија со балистички напад врз Киев, погодена станбена зграда

Тајфун ја погоди јужна Кина, евакуирани над 715.000 луѓе

Беснеат пожари во Шпанија и Франција, евкауирани над 300.000 луѓе