Утрински Весник
Македонија

Градоначалникот Ганиу го посети првото бебе родено во 2022 година во Чаир

Градоначалникот Ганиу го посети првото бебе родено во 2022 година во Чаир

Првото бебе родено во Чаир во 2022 година е машко, тешко 4180 гр. и е родено во 2 часот и 33 минути по полноќ.

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу заедно со директорот на Гинекологија Чаир, Башким Исмаили и медицинскиот персонал, ги посетија новороденчето и мајката Ангела Гелевска.

При тоа, Општина Чаир на првото новороденче му подари симболична сума од 15.000 денари.

„ Им посакав добро здравје и на бебето и на мајката. Додека како што бев информиран од медицинскиот персонал во Гинекологија Чаир после полноќ до денес во 12 часот се родени 6 бебиња и на сите им посакуваме добро здравје“, изјави Ганиу.

Можете да прочитате

Нелоски: Татко ми е дел од фирмата што ја споменува СДСМ, но не учествува на тендери

Мицкоски: Не се кријам, часовниците се мои – даноците ќе ги видите

Од утре почнува спортската обнова на кејот – Ѓеорѓиевски и Ристовски со вечерен увид