Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Костов: За празниците луѓето да не се групираат, најмногу од починатите се невакцинирани

Костов: За празниците луѓето да не се групираат, најмногу од починатите се невакцинирани
300x250 opst2

На почитување на мерките за време на празниците и во рестораните, но и при дружби по дома апелираше денес директорот на ГОБ „8 Септември“, Христијан Костов. Изминативе два месеци кај нив имало по педесетина заболени од коронавирус, кои биле на кислородна поддршка или на респиратор и очекува по празниците оваа бројка да не се зголеми значително.

„ Знам дека доаѓаат празници и апелирам, колку и да звучи чудно, луѓето да не се групираат. Секоја кафеана има протокол, може да влезат само вакцинирани лица, има протокол за максималниот број на гости и сметам дека сите треба даги почитуваат протоколите и пропишаните мерки и за кафеанското работење, но и за дружбата по дома со цел да немаме поголем број заболувања од Ковид – 19“, рече директорот Костов.

Тој уште еднаш укажа на важноста на вакцината за заштита од Ковид – 19.

„ Најголем процент од болните кои завршуваат со летален исход се невкцинирани пациенти. Ве молам, што е можно побрзо примете ја вакцината“, апелира директорот Костов.

Во „8 Септември“ одделот за интензивна нега е постојано полн со пациенти. Директорот Костов вели дека кај нив доаѓаат главно пациенти кои веќе биле сместени во некоја друга здравствена установа, но им се влошила клиничката слика. Старосната граница била од 30 години нагоре.

Можете да прочитате

Мицкоски ги повика кумановци да гласаат за Максим Димитриевски

37 обвинети, 33 адвокати и 250 оштетени судењето за „Пулс“ ќе биде правен маратон

Забрчанец: Дали Мицкоски се правда или бара мандат кој ќе трае со децении?