Утрински Весник
Македонија

И Николовски поднесе оставка од функцијата во СДСМ

И Николовски поднесе оставка од функцијата во СДСМ

Љупчо Николовски поднесе писмена оставка од функцијата генерален секретар на СДСМ.

„Денес СДСМ е најбројната, најмодерната, дигитализирана, динамична и европска партија. По 18 години, СДСМ и коалицијата победија на парламентарни избори минатата година. На претседателот Ковачевски и новото раководство им посакувам многу мудрост, единство, ангажман и чување на вредностите. Со ова оставам можност за избор на нов генерален секретар согласно концептот на претседателот Ковачевски“, се вели во писмената оставка на Николовски доставена до СДСМ.

Претходно и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се повлече од функцијата потпретседател на партијата.

Централниот одбор на СДСМ вечерва на седница треба да ги донесе финалните одлуки за новото париско раководство на партијата.

Можете да прочитате

Сончево и топло, со температури до 37 степени

Влошена здравствената состојба на Јакимовски – од затвор вечерва итно пренесен на операција

13-годишник и натаму животнозагрозен – по крвавата пресметка се кројат построги мерки