Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Џафери додели новогодишни пакетчиња и донации

Џафери додели новогодишни пакетчиња и донации
300x250 opst2

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска традиционално донираше некондиторски пакетчиња за децата хоспитализирани на Детската клиника во Скопје, додека во Основното училиште со ресурсен центар „Иднина” и посебното основно училиште „Златан Сремец”, донираше нагледни средства за успешна реализација на наставните програми согласно потребите на учениците.

Следејќи ги протоколите за заштита од Ковид-19, Џафери не присуствуваше лично да предавањето на донацијата и испрати честитка со желби за здравје, успех и напредок во Новата Година 2022 за децата, за вработените и нивните семејства.

Оваа година, Џафери испрати електронска честитка до амбасадорите на странските земји, до пратениците и службениците во Собранието, потврдувајќи ја и со овој чин посветеноста и заложбата за сведување на употребата на хартија во Собранието во 2022 година само на неопходниот минимум.

Можете да прочитате

Мицкоски ги повика кумановци да гласаат за Максим Димитриевски

37 обвинети, 33 адвокати и 250 оштетени судењето за „Пулс“ ќе биде правен маратон

Забрчанец: Дали Мицкоски се правда или бара мандат кој ќе трае со децении?