Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Кралицата ќе им одаде почит на Радукану и англиската фудбалска репрезентација

Кралицата ќе им одаде почит на Радукану и англиската фудбалска репрезентација
300x250 opst2

Британската тениска сензација, Ема Радукану ќе ја комплетира неверојатната 2021 година со добивање на МБЕ награда од кралицата Елизабета Втора, тврдат британските медиуми.

Радукану дебитираше на гренд слем турнирите на Вимблдон, каде што стигна до четвртото коло, за потоа на САД опен да стигне до неверојатна победа, како прва квалификантка во историјата, по што стана вистинска суперѕвезда во својата татковина.  19-годишната Радукану би станала најмладата добитничка со вакво признание.

Според „Дејли мирор“, покрај Радукану, награда ќе добие на англиската фудбалска репрезентација, која во текот на летото стигна до финалето на ЕУРО 2020, каде што загубија од Италија.

> Кралицата ќе им одаде почит на Радукану и англиската фудбалска репрезентација <

Можете да прочитате

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица

Без влезници во продажба за натпреварот Србија – Албанија во Лесковац

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона