Утрински Весник
Македонија

Запленети околу 1.000 парчиња пиротехнички средства во Битола

Запленети околу 1.000 парчиња пиротехнички средства во Битола
Dik 300x250 mk

Oколу 1.000 прчиња пиротехнички средства одзела полицијата во Битола од неколкумина продавачи кај Градскиот пазар, стоковната куќа и во близина на Центарот за култура.

Од МВР информираат дека во близина на Градскиот пазар, кај 50- годишниот А.Љ., полициските службеници пронашле и одземеле 415 разни видови пиротехнички средства. Истиот ден, во Градскиот пазар Битола кај И.Ц. од Битола биле пронајдени 374 парчиња огномети, а од Е.Р. од Битола одземени биле 66 парчиња.

Во близина на Центарот за култура во Битола од Д.Б. биле одземени 26 парчиња пиротехнички средства, а од Ф. М. пред стоковна куќа биле одземени 71 парче пиротехнички средства.

По целосно расчистување на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави, велат од МВР.

Можете да прочитате

Родителите на жртвите од Кочани најавија протест во Скопје на 15 ноември

Татко од Кочани ја објави последната снимка од ќерката што загина во „Пулс“ 

Метеоаларм: Можни се поплави, врнежите продолжуваат