Утрински Весник
Македонија

Стоилковски: Принципиелно се повлекувам и се заблагодарувам за довербата да бидам предложен за Член на УО на ЈСП

Стоилковски:  Принципиелно се повлекувам и се заблагодарувам за довербата да бидам предложен за Член на УО на ЈСП

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски информира дека се повлекува од предлогот да биде член на Управниот одбор на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“.

„Ја следам возбуденоста во СДСМ поврзано со моето име и сметам дека тоа повеќе се однесува на стравот дека од внатре на ЈСП ќе го видам и јавно ќе го објавам сиот криминал со компанијата и секако, за планот за БРТ. Иако го имам сиот потребен кредибилитет да бидам дел од УО на ЈСП, верувам во принципи, за разлика од партиските членови на СДСМ. Нема трговија со принципи ниту со претпријатија, напиша на фејсбук-статусот Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, тие принципи не постојат во СДСМ.

„Затоа што на пример истата прашина како за мене (нас), очекувано би ја кренале и за портпаролот на Алтернатива којшто го поставија за директор на МЕПСО во време на најголема енергетска криза. Во име на тие принципи и во име на таа разлика, донесов одлука да се заблагодарам за довербата и честа да бидам предложен за Член на УО на ЈСП и да побарам да бидам исклучен од листата“, вели Стоилковски.

Додава дека остава аманет на оние коишто ќе бидат избрани, да не го премолчат криминалот, како и да поведат сметка за претпријатието- симбол на Скопје!

Можете да прочитате

Мицкоски од Давос: Во наредните години за два ипол пат ќе порасне потреба од електрична енергија, Македонија нема да биде нем набљудувач на тие процеси

Труења кучиња во Неготино, загриженост изрази и градоначалничката

МВР го пронајде возачот кој леташе со 293 км/ч на автопатот Скопје–Гевгелија