Утрински Весник
Спорт

Кикбоксер од Белгија почина како последица од Ковид 19

Кикбоксер од Белгија почина како последица од Ковид 19

Белгискиот кик-боксер Фредерик Синатра почина на 41 година како последица од Ковид 19.

Синатра не бил вакциниран, а за короната сметал дека е „мал вирус“. Активно се борел против мерките што ги воведува белгиската Влада.

Неговиот тренер Осман Јигин ја потврдил информацијата за тамошните медиуми, затоа што токму тој го одвел кик-боксерот во болница на крајот на минатиот месец, кога неговиот ковид-тест бил позитивен.

Синатра објави и неколку фотографии од болницата, а потоа на своја одговорност заминал дома, одлучил сам да се лекува. Неколку дена потоа починал.

> Кикбоксер од Белгија почина како последица од Ковид 19 <

Можете да прочитате

Историски триумф за БиХ на Мундијалот, Швајцарија го завери пласманот понатаму

Анчелоти: Нејмар е подготвен да ги одигра сите 90 минути против Шкотска

Мининални победи на Хрватска и Колумбија