Утрински Весник
Магазин

(Видео) Кијану Ривс се враќа како The One во возбудливото рестартирање на „Матрикс“

(Видео) Кијану Ривс се враќа како The One во возбудливото рестартирање на „Матрикс“

„Матрикс: Воскреснувања“ е четвртиот филм од научно-фантастичната сага што започна со „Матрикс“ од 1999 година, а потоа продолжи со два нови во 2003 година.

Осумнаесет години подоцна, „Воскреснувања“ го прави токму она што го кажува, враќајќи ги ликовите од изумирање – главно Кијану Ривс или Нео – последен пат виден како го жртвува својот живот во обид да ја уништи матрицата (Matrix), глобална виртуелна реалност која го поробува човештвото со години.

Повеќето луѓе мислат дека Нео е мртов. Знам дека не е“, најавува русокосата Багс (Џесика Хенвик), која го отвора филмот.

Багс ја предводи потрагата по Нео, и таа конечно е блиску да го најде оној што го нарекуваат The One. Нео сега е повторно вклучен во Матрикс како некогашен хакер Томас Андерсон, овој пат во мета пресврт, тој е дизајнер на видео игри во Сан Франциско.

Светската премиера на четвртиот дел од „Матрикс“, еден од најочекуваните филмови годинава, се одржа во Сан Францско минатиот викенд.

Можете да прочитате

Италија е најдобрата туристичка дестинација за „соло“ патувања во 2026 година

Во Италија е регистриран прв случај на зависност од вештачка интелигенција

Поради повисоките трошоци, сè повеќе сопственици на возила го одложуваат сервисот за поправки