Утрински Весник
Македонија

Утро со температури под нулата низ целата држава

Утро со температури под нулата низ целата држава

Најстудено утрово е во Берово и во Маврово со -13 Целзиусови сетепени.

На Попова Шапка се измерени -12, во Крива Паланка -11, Скопје и Битола -10, во Штип, Куманово, Демир Капија, Дебар и Крушево -9, во Тетово, Прилеп и Струмица -8, Охрид -7, Гевгелија -5 и Дојран -4.

Највисока снежна покривка има на Попова Шапка 43 сантиметри, во Маврово е 38, а во Крушево осум, информира Управата за хидро-метеоролошки работи.

Времето денеска ќе биде сончево и студено со слаб ветер од северен правец.

Максималната температура ќе достигне од 0 до 8 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево и студено со максимална температура до 4 степени.

Можете да прочитате

Филипче: Глигоров има историски заслуги за независноста по мирен пат

Мистериозна смрт во Битола: Пред да биде пронајден мртов, камера снимила како човек го влече струмичанецот по Широк Сокак

АХВ: Потврдени три позитивни случаи на вирусот на Западнонилска треска кај угинати гаврани