Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Ковачевски потпиша важни договори во рамки на „Отворен Балкан“

СДСМ: Ковачевски потпиша важни договори во рамки на „Отворен Балкан“

Претседателот на СДСМ и заменик министер за финансии, Димитар Ковачевски, денеска учествуваше на седмиот состанок на иницијативата „Отворен Балкан“ кој се одржа во Тирана.

На состанокот беа потпишани Договори со кои граѓаните и компаниите на земјите од регионот добиваат олеснети услови за движење, работа и трговија, по примерот на европските земји.

Како заменик министер за економија, Ковачевски е дел од потписниците на овие договори, информираат од СДСМ.

„Договорите кои денес ги потпишуваме се влог во иднината, зајакнување на економската соработка и односите меѓу народите на Балканот. Компаниите и граѓаните на земјите од регионот добиваат олеснети услови за движење, работа и трговија по примерот на европските земји. Верувам дека оваа иницијатива ќе се проширува, зацврстува и ќе придонесе кон економски стабилен и развиен Балкан. ‘Опен Балкан’ значи економски стабилен и развиен регион“, ја пренесуваат од СДСМ, изјавата на партискиот лидер, Ковачевски.

Откако договорите ќе бидат ратификувани во парламентите на државите, граѓаните се стекнуваат со можност слободно да се движат и да работат во секоја од нив.

Со овие олеснувања се очекуваат значајни економски придобивки, економиите се поврзуваат, се олеснува работата на компаниите, а се прават и крупни чекори кон европеизација на регионот, посочуваат од СДСМ.

Можете да прочитате

Не стигнало барање за одземање на имунитетот на судијата Ристов, вели Камбовски

Утре ќе се бира шеф на Скопското обвинителство

Лимани од Букурешт: Северна Македонија гради модерен, инклузивен и дигитализиран систем на социјални услуги