Утрински Весник
Македонија

335 нови случаи и вкупно 13 починати од Ковид-19

335 нови случаи и вкупно 13 починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.543 тестирања, а регистрирани се 335 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 179, Прилеп – 31, Битола – 16, Кавадарци – 15, Ресен – 12, Велес и Охрид – по 10, Куманово и Гевгелија – по 8, Валандово – 7, Тетово, Кичево и Радовиш – по 5, Штип – 4, Неготино – 3, Гостивар, Кочани, Делчево, Демир Хисар и Крушево – по 2, Струмица, Струга, Свети Николе, Крива Паланка, Кратово, Богданци и Македонски Брод – по 1.

· Регистрирани сe 515 оздравени пациенти од:

Скопје – 253, Битола – 33, Охрид – 26, Прилеп – 25, Делчево – 20, Куманово – 19, Берово – 17, Велес и Струмица – по 14, Кавадарци – 13, Штип – 11, Радовиш – 8, Кочани – 7, Тетово, Кичево, Гевгелија и Ресен – по 6, Богданци – 5, Македонска Каменица – 4, Кратово, Крушево и Пехчево – по 3, Струга, Неготино, Крива Паланка, Демир Хисар и Македонски Брод – по 2, Виница, Пробиштип и Дојран – по 1.

· Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 3 починати лица од Скопје (68г, 72г и 74г) и по едно починато лице од Битола (55г), Крушево (68г), Куманово (61г), Прилеп (75г) и Охрид (78г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 5 лица, починати во период од 26.11-16.12.2021 година. Починатите лица се од Кочани (1), Куманово (1), Скопје (1), Берово (1) и Пехчево (1). Починатите лица се на возраст од 66г до 87г. Сите пријавени лица се починати во домашни услови.

· Направени се 3.543 тестови преку: ИЈЗ-355, ЦЈЗ Скопје-62, ЦЈЗ Битола-79, ЦЈЗ Прилеп-42, ЦЈЗ Тетово–4, ЦЈЗ Куманово-65, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –3, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–5, Жан Митрев (Филип Втори)-86, Авицена-154, Биотек-234, Систина-85, лабораторија Лаор-101, Синлаб-33, Ремедика-27, Плодност–55, Генеа-17, Никоб лаб-331, ВФВ Медикал-60, Ели Медика-66, Ројал Медика–24, Спектра-ММ-21, Рапид Лаб–7, Жан Митрев Струмица–16, Нова Лаб Дијагностика–5, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.606.

Досега во земјата се направени вкупно 1.555.273 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 221.744, бројот на оздравени пациенти е 208.724, на починати е 7.838, а бројот на активни случаи изнесува 5.182.

 

Можете да прочитате

МВР не дозволи учество на „Маршот за ангелите“ на луѓе од други градови

На „Табановце“ се чека околу 40 минути за излез од државата

Поради пожар во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод – Скопје