Утрински Весник
Спорт

Онана од наредната сезона во Интер

Онана од наредната сезона во Интер

Фудбалскиот клуб Интер го договори првото засилување за наредната сезона. Камерунецот Андре Онана, чии договор со Ајакс, истекува по завршувањето на сезоната, ќе стане жител на Милано.

Менаџерот на Онана, во текот на денот, треба да пристигне во Милано и да го потпише преддоговорот, објавија италијанските медиуми.

Бидејќи влегува во последните шест месеци од договорот со Ајакс, Онана, според Босмановото правило, може да потпише со друг клуб.

Онана со Интер договорил четиригодишна соработка. Според договорот ќе заработува 3.000.000 евра по сезона.

> Онана од наредната сезона во Интер <

Можете да прочитате

Џорлев освои злато на Светското карате првество за кадети, јуниори во Полска

Тебас: Не знам колку пати досега Реал побарал моја оставка

Познати двојките за осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија