Утрински Весник
Свет

Измамници преку социјални мрежи нуделе лажни сертификати за вакцинација

Измамници преку социјални мрежи нуделе лажни сертификати за вакцинација

Измамници од социјалната мрежа „Фејсбук“ ги пренасочуваат корисниците кон страници кои наводно продаваат лажни ковид сертификати за невакцинирани лица, пишува Би-Би-Си.

Британците мора да го докажат својот статус на вакцинација за да влезат на одредени локации и да избегнат карантин по нивниот престој во странство.

Но, во објавите на „Фејсбук“ измамниците на невакцинираните лица им нудат лажни потврди за да ги избегнат прописите, пишуваат британските медиуми.

Од „Фејсбук“ беше соопштено дека спорната содржина веднаш ќе биде отстранета.

Известување за лажни потврди се пронајдени и при продажба на дрога, оружје и украдена стока, а продавачите тврдат дека поседуваат документација од повеќе земји, меѓу кои и од САД и ЕУ.

Можете да прочитате

Фицо присуствуваше на парадата во Москва

Кремљ: На Трамп му се брза, но мирот во Украина сè уште е многу далеку

Трамп: Можеби ќе преместам војници од Германија во Полска