Утрински Весник
Македонија

Маричиќ го повлече списокот за помилување на затвореници

Маричиќ го повлече списокот за помилување на затвореници

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, го повлекува списокот со предлогот за помилување, на кој се најдоа осуденици како Сеад Кочан, Александар Василевски-Нинџа, Бобан Илиќ. Маричиќ испрати допис до претседателот Стево Пендаровски во кој посочува дека целокупниот материјал мора да биде повторно разгледан. На социјалните мрежи се огласи и заменик-министерот Агим Нухиу, кој информираше за одлуката.

„ Ја информираме пошироката јавност дека иницијативите за помилување покренати од Управите на затворите се повлечени од страна на Министерството за правда. За каузата на правдата ние секогаш ќе дејствуваме!“, напиша Нухиу.

Сега, според информациите, ќе се прават дополнителни консултации со управите на затворите, каде затворениците и нивните адвокати бараа помилувања. Првиот список на затвореници до Кабинетот на претседателот е доставен пред десет дена.

Можете да прочитате

Ален Милковски од Куманово е добитник на стипендијата „Фросина Кулакова“ за 2026 година

Филипче: Опсесијата на Мицкоски да слика голи поранешни функционери е на граница на невропсихологија

Минчев: Академијата за административни службеници влегува во завршна фаза на подготовка