Утрински Весник
Македонија

Маричиќ го повлече списокот за помилување на затвореници

Маричиќ го повлече списокот за помилување на затвореници

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, го повлекува списокот со предлогот за помилување, на кој се најдоа осуденици како Сеад Кочан, Александар Василевски-Нинџа, Бобан Илиќ. Маричиќ испрати допис до претседателот Стево Пендаровски во кој посочува дека целокупниот материјал мора да биде повторно разгледан. На социјалните мрежи се огласи и заменик-министерот Агим Нухиу, кој информираше за одлуката.

„ Ја информираме пошироката јавност дека иницијативите за помилување покренати од Управите на затворите се повлечени од страна на Министерството за правда. За каузата на правдата ние секогаш ќе дејствуваме!“, напиша Нухиу.

Сега, според информациите, ќе се прават дополнителни консултации со управите на затворите, каде затворениците и нивните адвокати бараа помилувања. Првиот список на затвореници до Кабинетот на претседателот е доставен пред десет дена.

Можете да прочитате

Средба Муцунски – Гоунтанис: Потврдена заедничката посветеност за продлабочување на стратешко партнерство меѓу двете земји

Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла

Можно е евтина дневна тарифа од четири наместо два часа и во двата дена од викендот, вели Ристов