Утрински Весник
Свет

Најмалку 20 загинати во тајфунoт на Филипините

Најмалку 20 загинати во тајфунoт на Филипините

Најмалку 20 луѓе загинаа во налет на супертајфунот Раи на Флипините, информираше локалната служба за итни случаи.

Повеќе од 300.000 луѓе мораа да ги напуштат своите домови од четвртокот, кога ветрот на островот Сијарго достигна 195 километри на час.

Во акцијата за пребарување и спасување учествуваат 18.000 припадници на армијата, крајбрежната стража и противпожарната служба.

Тајфунот Раи вчера стигна до северниот остров Палаван, популарна туристичка дестинација, а вечерва продолжи да се движи низ Јужното Кинеско Море кон Виетнам. Ветрот е ослабен и достигнува 155 километри на час.

Супертајфунот е силен циклон еднаков на ураганот од највисоката категорија (пет) во САД. Во светот во просек годишно има околу пет вакви тајфуни.

Можете да прочитате

Маж се здоби со тешки изгореници од струен удар додека правел селфи на покрив на воз во Германија

Вооружена банда мотоциклисти киднапирала повеќе од 60 луѓе во северозападна Нигерија

Кина повторно воведe портокаловo ниво за опасност од дождовни бури