Утрински Весник
Свет

Убиени 16 лица во џамија во Нигерија

Убиени 16 лица во џамија во Нигерија
Dik 300x250 mk

Вооружени напаѓачи убија 16 верници во џамија во село во северна Нигерија и киднапираа многу луѓе, изјави локален официјален претставник.

Нападот врз селото во државата Нигерија синоќа траел со часови, пренесува АП.

Десетици напаѓачи пристигнале со мотоцикли и дивееле низ селото, убивајќи луѓе кои се молеле во џамијата и ограбувале. Не е познато колку луѓе се киднапирани.

Полицијата потврди дека имало напад и дека се убиени девет лица, наведува АП и додава дека полицијата претходно била обвинета за намалување на бројот на жртвите во таквите напади. Нападот е последен во ескалацијата на насилството во северозападна Нигерија, каде вооружени групи напаѓаат оддалечени населби, убивајќи и киднапирајќи жители за откуп.

Напаѓачите се претежно млади мажи од етничката група Фулани, кои традиционално се номадски сточари и се во повеќедецениски конфликт со луѓето од Хауса, кои се занимаваат со земјоделство, поради вода и пасишта.

Нигериските безбедносни сили се преокупирани повеќе од една деценија со борбата против исламските екстремисти во североисточниот дел на земјата. Во многу оддалечени населби во северна Нигерија, вооружените групи се побројни од безбедносните сили.

Можете да прочитате

„Не заслужуваме плата“ – Сенаторот Џон Кенеди јавно го поддржа Трамп

Американската армија до своите војници во Германија: Побарајте помош од народните кујни

Каков имот има новиот градоначалник на Њујорк и колку ќе заработува?