Утрински Весник
Спорт

Одложен дуелот на Тотенхем со Брајтон

Одложен дуелот на Тотенхем со Брајтон

Премиер лигата го одложи натпреварот на Тотенхем и Брајтон. Коронавирусот предизвика вистински хаос во редовите на Тотенхем, осум фудбалери и петмина од клупскиот персонал се позитивни на вирусот.

Поради големиот број на заразени, Тотенхем, синоќа не го одигра дуелот против Рен, во Конференциската лига.

„Можеме да потврдиме дека дуелот со Брајтон во Премиер лигата кој требаше да се одигра во недела од 14 часот е одложен“, соопштија од клубот.

> Одложен дуелот на Тотенхем со Брајтон <

Можете да прочитате

Џорлев освои злато на Светското карате првество за кадети, јуниори во Полска

Тебас: Не знам колку пати досега Реал побарал моја оставка

Познати двојките за осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија