Утрински Весник
Култура

„Метаморфоза“ – изложба на Бојан Ковски во МКЦ

„Метаморфоза“ – изложба на Бојан Ковски во МКЦ

Вечерва, со почеток од 20 часот во МКЦ (Галерија 2) ќе биде отворена изложбата на Бојан Ковски „Метаморфоза“

На изложбата ќе бидат претставени дела со боди-арт пo повод 5 години од почетокот на неговото творештво во оваа гранка од уметноста. Главната порака на оваа изложба е редефинирање на телото и претворање на човекот од својот лик во нешто што наликува на суштество од друга планета со боите што ги носат пеперутките.

Метаморфоза е многу важен процес во психата на секој човек и секоја промена нѐ прави различни од минатото. Што би било доколку секоја наша промена и самата се отсликува на нашето тело? Ова е прашањето што уметникот си го поставува себеси при изработката на делата за оваа изложба.

Целта на изложбата е да ги поттикне посетителите да се замислат и запрашаат како тие самите се менуваат, што ги поттикнува и што би сакале да станат. Воедно, како прва изложба од овој тип во нашата држава, „Метаморфоза“ се труди да го посочи вниманието на нашето општество кон оваа гранка од уметноста.

На изложбата ќе бидат изложени 10 платна со боди-арт и две живи скулптури, насликани модели што ќе бидат поставени во просторот каде што се одржува изложбата.

Бојан Ковски е роден 1993 во Куманово. Завршува средно образование во гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово, по што заминува на додипломски студии на Факултетот за ликовна уметност при универзитет „св. Кирил и Методиј“ – Скопје, каде што дипломира на Катедрата по сликарство во класа на проф. Антони Мазневски 2015. Оттогаш активно работи на продуцирање дела, масло на платно, “Body Paint”, организирање свои настани и организација на настани во соработка со различни клиенти и компании. Зад себе има неколку самостојни и групни изложби со неговото сликарство исто така и перформанси со “Body-paint” и работа на голем број настани, реклами и видеоспотови со оваа техника.

Текстот „Метаморфоза“ – изложба на Бојан Ковски во МКЦ е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“