Утрински Весник
Свет

Кина: Дипломатскиот бојкот на САД, Канада и Британија е фарса

Кина: Дипломатскиот бојкот на САД, Канада и Британија е фарса

Кина денеска ја критикуваше одлуката на Канада и Велика Британија да им се придружат на САД во дипломатскиот бојкот на Зимските олимписки игри во 2022 година, а бојкотот го оценија како фарса.

Кина не е загрижена дека отсуството на официјални лица може да предизвика верижна реакција, бидејќи многу шефови на држави, владини лидери и членови на кралските семејства поднеле барање да дојдат, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венпинг, пренесе АП.

Освен Канада, Британија и САД, и Австралија соопшти дека нема да праќа функционери на Зимските олимписки игри, од истите причини, а тоа е обвинението за наводно кршење на човековите права во Кина. Нов Зеланд претходно го информираше Пекинг дека нема да испраќа службеници поради рестриктивните мерки за пандемијата, но исто така изрази загриженост за човековите права.

Можете да прочитате

САД ја продолжија лиценцата за меѓународни операции на Лукоил до 2026

Намалување на ограничувањата за извоз на оружје во Швајцарија

Европејците го гледаат Трамп како непријател и се загрижени за војна со Русија