Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Русија со протестна нота до амбасадата на САД во Москва

Русија со протестна нота до амбасадата на САД во Москва
300x250 opst2

Министерството за надворешни работи на Русија денеска и предаде протестна нота на американската амбасада во Москва со предупредување за опасните последици од провокациите во близина на руските граници, изјави портпаролката на МНР Марија Захарова.

Воените активности на САД и земјите-членки на НАТО долж периметарот на руската граница, вклучувајќи борбени авиони и опасните поморски маневри, продолжуваат да растат.

„Американската армија и нејзините сојузници во НАТО преминаа од обиди за тестирање на системот за заштита на нашите граници кон провокации против цивилни авиони, загрозувајќи ја безбедноста на воздушниот простор и човечките животи“, рече Захарова.

„Во врска со овие провокативни дејствија, на Амбасадата на САД во Москва денеска и беше врачена протестна нота со предупредување на опасните последици од ваквата непромисленост“, рече Захарова во изјавата објавена на веб-страницата на руското Министерство за надворешни работи, пренесува ТАСС.

На 3 декември, над Црното Море, воен авион на НАТО се приближи до патничкиот авион Ербас А330, кој летал од Тел Авив за Москва.

„Росавијација“ објави дека авионот на НАТО летал со интензивно намалување на висината, поради што ја прекинал рутата наменета за цивилни авиони.

Можете да прочитате

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас

Демонстранти упаднаа во дворот на претседателската палата во Тбилиси на денот на локалните избори