Утрински Весник
Свет

СЗО: Карантин и тестирање подобро отколку забрана за патување

СЗО: Карантин и тестирање подобро отколку забрана за патување

Државите треба да применуваат пристап заснован на докази и ризик при преземање какви било мерки за забрана за патување поврзани со новиот сој на коронавирус, омикрон, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

СЗО верува дека овој пристап треба да вклучи можно тестирање или карантин за меѓународните патници и дека општите забрани не можат да спречат ширење на нова варијанта на вирусот.

„ Мерките може да вклучуваат тестирање на патниците пред и по патувањето или карантин за меѓународни патници по детална проценка на ризикот“, соопшти СЗО во својата најнова препорака за патување.

Од организацијата сметаат дека општите забрани за патување нема да го спречат вирусот на границите на земјите, туку дека негативно ќе влијаат на квалитетот на животот, бидејќи околу 56 земји на 28 ноември воведоа строги мерки за патување, кои имаат за цел потенцијално да го спречат ширењето на омикрон.

Можете да прочитате

Црвениот крст упати итен апел за помош по разорните земјотреси во Венецуела

Јапонија евакуира 2,2 милиони луѓе поради тајфунот, се затвораат училишта и фабрики

Расте бројот на жртви во Венецуела, десетици илјади исчезнати