Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Омикрон пристигна и во Шпанија

Омикрон пристигна и во Шпанија
Img 7972

Шпанија го потврди првиот случај на инфекција со омикрон коронавирус кај 51-годишен маж кој пристигнал од Јужна Африка преку Амстердам во Мадрид.

Мажот има благи симптоми на болеста и е во изолација за да не ја шири инфекцијата.

Микробиолошката служба на болницата „Грегорио Марањон“ во Мадрид го потврди присуството на варијантата Б.1.1.529 на вирусот, која претставува „голем број мутации“, а која првпат е идентификувана во Јужноафриканската Република.

„Ова е она што го знаеме за овој вирус: тој се нарекува омикрон и содржи повеќе од 30 мутации“, објави шпанската јавна телевизија TVE.

На патникот му е направен брз тест во неделата по слетувањето на аеродромот во Мадрид, кој покажал дека тој е позитивен на Ковид 19. Здравствената служба сега проверува и контактира со луѓето со кои можеби бил во контакт за време на летот од Амстердам.

Шпанија бара негативен резултат од тестот за сите патници кои доаѓаат од Јужноафриканската Република и шест други африкански земји оценети како области со висок ризик.

Во Каталонија, два можни случаи на инфекција со омикрон коронавирус се проучуваат истовремено кај двајца патници кои беа позитивни на тестот за Ковид 19 по слетувањето на аеродромот Ел Прат во Барселона. Тие пристигнаа од Јужна Африка преку Германија.

Светската здравствена организација (СЗО) во понеделникот предупреди дека ризикот од ширење на овој вид на коронавирусот низ светот е „висок“.

Научниците во моментов се обидуваат да утврдат дали омикронот е отпорен на вакцини и дали е уште позаразен и велат дека се уште е рано да се утврдат ризиците од заразување со овој вид на вирусот.

Повеќето луѓе во Јужна Африка кои биле откриени со омикрон имаат благи симптоми на болеста, а тамошната здравствена служба предупреди дека ширењето се случило кај помлади луѓе.

Можете да прочитате

Хамас ја потврдува посветеноста на мировниот договор, ги враќа телата на заложниците, меѓународните сили се подготвуваат

Зеленски му предлага договор на Трамп: Дронови за „Томахавк“ ракети

Португалскиот парламент усвои закон за забрана на никаб